Dispute Settlement Centre of Victoria

Dispute Settlement Centre of Victoria (DSCV) е бесплатна и доверлива служба за разрешување на спорови.

DSCV може да ви помогне да решите спор во врска со:

  • Огради, дрвја, животни, бучава и канализација/одвод
  • Проблематично или недруштвено однесување
  • Спорови на работа
  • Одбори, клубови илиIncorporated Associations
  • Спорови упатени до медиатор од страна на судија

Обучениот и искусен персонал наDSCV ќе:

  • Ве ислуша
  • Ви помогне да се разјаснат проблемите
  • Ви одговори на прашањата
  • Работи со вас кон изнаоѓање можности и стратегии за разрешување на спорот
  • Ве упати до други специјализирани служби

 

 

Mедијација

DSCV може да понуди да ја контактира другата странка и да ја покани да учествува во медијација со вас. Медијацијата е доверлива и учеството е доброволно.

Обучени и акредитирани медијатори ги водат сесиите за медијација. Медијаторите работат со вас и со другата странка за да се разреши спорот.

Медијаторите се многу успешни во решавањето на спорови,85% од медијациите воDSCV се разрешени успешно.

Преведувачи

DSCV обезбедува бесплатна услуга на преведувачи. Кога ќе се јавите наDSCV, побарајте преведувач. Тие ќе ви се јават со преведувач.

Преведувач може да имате и на медијацијата. 

Контактирајте не

DSCV има канцеларии низ цела Викторија. За да ве поврзат со најблиската канцеларија јавете се на: 1300 372 888